Спасовски: Имаме победничка програма за европска, стабилна, сигурна и безбедна Македонија

Спасовски: Имаме победничка програма за европска, стабилна, сигурна и безбедна Македонија

„Имаме победничка програма за стабилна, сигурна и  безбедна Македонија. Свесни сме за успехот и имаме план да го продолжиме. И од тоа не се откажуваме“, истакна носителот на изборната листа на СДСМ во изборната единица два, Оливер Спасовски, на денешната промоција на Програмата за европска иднина и кандидатите за пратеници на СДСМ и коалицијата.

Спасовски нагласи дека СДСМ има бескомпромисна политичка волја, со нула толеранција за корупција и силна борба против секаков вид криминал.

„Само со задоволна полиција имаме безбедни граѓани, досега ги зголемивме платите  за 35% и платите во безбедносниот сектор мора да  продолжат да растат – за подобар  материјален и социјален статус и повисок животен стандард на вработените. Императив за нас е унапредување на статусот на вработените, на работните услови, на воведување на нови полициски обуки, дигитализација и модернизација на процесите и опремата“, нагласи Спасовски, додавајќи дека досега се реконструирани 82 полициски станици низ државата, а со нови хеликоптери повторно ќе се испише историја на опременост на воздухопловните единици.

Спасовски нагласи дека по примерот на ЕУ, со конфискација на имот ќе се прати порака дека криминалот не е исплатлив.

„За успех во сето ова клучни се реформите и во правосудниот систем. Реформата на судството мора да ги опфати сите препораки на Мисијата на ЕУ во нашата држава. Не се откажуваме од врвна безбедност и развиена економија, не се откажуваме од европски живот за младите тука дома. Една опција имаме на овие избори – тоа е европската – нема откажување од иднината“, порача носителот на изборната листа на СДСМ во изборната единица два, Оливер Спасовски.

Прочитајте повеќе

Филипче до членството: Сега повеќе од било кога ни е потребно единство

Филипче до членството: Сега повеќе од било кога ни е потребно единство

Носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р …