Фејсбук статус на денот

Спомен обележјето Прилепски бранители дом на мајка и две малолетни дечиња

Веќе втор ден во центарот на градот кај кружниот тек пред Основен суд Прилеп, под спомен обележјето Прилепски бранители свое преноќиште имаат најдено мајка и две малолетни дечиња од Ромска националност.

Мајката на двете дечиња вели дека немаат каде да живеат а се од Скопје. Нејзиниот сопруг издржувал казна затвор во Затворот во Прилеп.

Една слика илјада зборови, реалност која не може да се заобиколи од очите на јавноста, иако е во центарот на кружен тек.

Веќе е јавено во МВР ПС Прилеп од каде ќе биде известен ЈУ МЦСР Прилеп заради превземање мерки за згрижување на семејството.

Фејсбук статус на Жарко Стеваноски

Прочитајте повеќе

Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот