Спорот за ембаргото на руската нафта се заканува да го засени самитот на ЕУ

Спорот за ембаргото на руската нафта се заканува да го засени самитот на ЕУ

Унгарската блокада на новите санкции против Русија предизвикува проблеми во ЕУ со недели. Дури и далекосежниот компромисен предлог непосредно пред специјалниот самит на ЕУ се чини нема да го има посакуваниот ефект.

Тековниот спор околу плановите на Европската унија за ембарго на руската нафта се заканува да го засени претстојниот самит на ЕУ.  Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на вчерашниот состанокот во Брисел не успеаја да постигнат консензус за воведување на шестиот пакет санкции против Руската Федерација, а нов обид е закажан за утринава, непосредно пред специјалниот самит на лидерите на ЕУ.

Дипломатски извори од ЕУ наведуваат дека меѓу земјите членки „постои подготвеност“ да продолжат разговорите за воведување нафтено ембарго, во рамките на шестиот пакет санкции, но дека прашањето „како и на кој начин“ ќе го стори тоа е сѐ уште отворено.

Рускиот нафтовод ЧајандаРускиот нафтовод Чајанда

„Се поставува прашањет како и на кој начин да се одговори на националните специфичности на земјите-членки кога станува збор за зависноста од руската нафта. Некои земји се 100 отсто зависни од руската нафта, а нејзиното исклучување претставува голем предизвик. Мора да се пронајдат соодветни одговори за прекинот на снабдувањето. Системот што постои со години мора да се замени, а тоа не е лесно“, изјави неименуван претставник на ЕУ.

Дипломатските кругови во Брисел не сакаат да шпекулираат за можни решенија, вклучително и и најновиот предлог на Европската комисија кој предвидува ембарго на руската нафта што пристигнува во ЕУ по море, со исклучок на копнените нафтоводи, но велат дека целта е да се постигне договор како најсилно да се погоди Путин, со оглед дека повеќе од две третини од руската нафта во ЕУ се увезува по морски пат.

Унгарија, земја без излез на море, чии 65 отсто од потрошувачката на енергија зависи од нафтата што се транспортира од Русија по копнен пат, се противи на ембаргото на руската нафта.

Доколку претпладнево биде договорен шестиот пакет санкции на ЕУ, тој би можел да се најде на масата на работната вечера на лидерот на ЕУ, чија средба започнува во 16 часот во Брисел.

Од Советот на ЕУ истакнуваат  дека за време на денешната вечера, лидерите ќе разговараат за начините за поддршка и помош на Украина, вклучително и финансиска и воена поддршка, а на вечерата на лидерите преку видео врска ќе се приклучи и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Како и на Светскиот економски форум, така и на самитот на ЕУ, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се приклучи преку видео врскаКако и на Светскиот економски форум, така и на самитот на ЕУ, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се приклучи преку видео врска

Германскиот министер за економија Роберт Хабек  спроти самитот на ЕУ изрази стравување дека единството на Европската унија почнува да се распаѓа кога е во прашање ембаргото на руската нафта и плановите за намалување на зависноста од руската енергија

„По рускиот напад врз Украина, видовме што може да се случи кога Европа ќе застане обединета. Во однос на утрешниот самит, да се надеваме дека ќе продолжи вака. Но, таа веќе почнува да се распаѓа и повторно да се распаѓа“, изјави вчера Хабек на прес-конференција во германскиот град Хановер.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Светските лидери го осудија големиот ирански напад врз Израел, а многу Иранци се загрижени дека …