Средба Бајден-Зеленски: Украина и САД се обединети

Средба Бајден-Зеленски: Украина и САД се обединети

Американскиот претседател Бајден му вети на својот украински колега Зеленски поддршка во одбраната од Русија. Никогаш нема да бидете сами“, рече тој на заедничката прес-конференција. Зеленски се заблагодари за помошта.

Претседателот на САД, Џо Бајден, откога синоќа во Белата куќа се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на пресконференцијата изјави дека народот во Украина и лидерството на Зеленски се „инспирација, а Зеленски вети оти „нема да има компромис“ во војната против рускиот агресор.

Бајден нагласи дека САД на Украина, која е нападната од Русија, не само што ќе ѝ го даде системот за против-воздушна одбрана „Патриот“, туку и итна хуманитарна помош преку агенцијата УСАИД, во вредност од 374 милиони долари.

Бајден на заедничката конференција за новинари со Зеленски официјално ги потврди поранешните најави оти САД ќе ѝ испратат на Украина уште еден пакет помош во вредност од 1,8 милијарди долари, кој го вклучува многу ефикасниот далекусежен противракетен систем „Патриот“, а овој систем би требало да послужи како ефикасно средство за одбрана на Украина од руските напади на нејзината витална инфраструктура, вклучувајќи електрани и далеководи.

Зеленски им се заблагодари на американските лидери и на „обичните Американци“ поради нивната поддршка во борбата на Украина против руската инвазија. Тој, исто така, изјави оти од порано сакал да ја посети Америка и дека неговата сегашна посета покажува оти „ситуацијата е под контрола поради американската поддршка“.

„За мене, како претседател, ‘праведен мир’ значи дека нема да има компромис“, рече украинскиот претседател и додаде оти војната со Русија ќе заврши кога повторно ќе се воспостават суверенитетот, слободата и територијалниот интегритет на Украина и кога ќе дојде до „наплата на сите штети нанесени од руската агресија“.

Бајден оцени оти претседателот на Русија, Владимир Путин, „нема намера да ја запре оваа свирепа војна“. „За американскиот народ е важно, а и за целиот свет, директно од вас господине претседателе (Зеленски) да слушнат за украинската борба и за потребата заеднички да се пружи отпор во текот на 2023 година“, додаде тој.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …