Попис 2021: Во земјава има 205 села без жители, скопски Аеродром со најголем број домаќинства

Попис 2021: Во земјава има 205 села без жители, скопски Аеродром со најголем број домаќинства

Дури 205 села во земјава се ненаселени без ниту еден жител којшто бил регистриран лани за време на пописот. Бројката на ненаселени места расте, но се зголемува и бројот на жители и домаќинства кои ги има Скопје, и особено, скопската општина Аеродром, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, во последниот сет се објавени пописни податоци за вкупното резидентно население, по домаќинства и станови, за вкупното резидентно население по возрасни групи и за вкупното резидентно население според изјаснувањето за етничка припадност.

Пописот спроведен лани покажува дека од вкупно 1.781 населени места, дури во 205 нема ниту еден жител, а тамошните куќи се оставени празни. Затоа пак, во главниот град Скопје живеат 526.502 жители распределени во 171.171 домаќинство. Во Скопје има вкупно 213.850 станови.

Притоа, во Скопје населено место со најголем број на жители е Аеродром со 75.108 жители, а на национално ниво потоа следуваат градовите: Куманово со 75.051 жител, Битола со 69.287 жители, Прилеп со 63.308 жители и Тетово со 63.176 жители.

Резултатите од пописот покажуваат дека 684 населени места се со помалку од 100 жители, додека 218 населени места се со помалку од 10 жители.

Според бројот на домаќинства, најмногу домаќинства има во Скопје, и тоа во Аеродром каде се регистрирани 27.026 домаќинства. По главниот град, следуваа Битола со 24.974 домаќинства, Куманово со 23.451 домаќинства, Прилеп со 22.763 домаќинства, Тетово со 17.948 домаќинства, а во 381 населено место има 10 и помалку домаќинства.

Најмногу станови има во населеното место Скопје – Аеродром – 34.415, а во 116 населени места има помалку од 10 станови.

Населени места со најмногу младо население на возраст од 0 до 14 години се: Скопје – Чаир, Скопје – Аеродром и во градовите Куманово и Тетово. Наспроти ова, најмногу старо население на возраст од 85 и повеќе години се населените места: Скопје – Карпош, Скопје – Центар и градовите Битола, Прилеп, Велес и Охрид.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …