Средба на експерти по право и уставно право во Кабинетот на Претседателот Пендаровски

Средба на експерти по право и уставно право во Кабинетот на Претседателот Пендаровски

Вечерва во Кабинетот на Претседателот Пендаровски, се одржa средба на експерти по право и уставно право по барање на политичките лидери кои присуствуваа на лидерската средба претходно во текот на денов, а со цел да се утврдат правните аспекти на одлуката за одложување на изборите закажани за 12 април оваа година.

На почетокот на состанокот, претседателот Пендаровски ги поздрави присутните и им се заблагодари за нивниот ангажман. Универзитетските професори, проф. д-р Светомир Шкариќ, проф. д-р Гордана Силјановска – Давкова, проф. д-р Рената Дескоска, проф. д-р Тања Каракамишева – Јовановска, проф. д-р Јетон Шасивари, доц. д-р Александар Љ. Спасов и доц. д-р Денис Прешова ги разгледуваа правните аспекти за одложување на парламентарните избори закажaни за 12 април.

На средбата се дискутираше за повеќе можни решенија што произлегуваат од Уставот на Република Северна Македонија. Консултациите за начинот на одложување на изборите ќе продолжат и во следните денови.

На средбата беа присутни и претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и претседателот на Владата, Оливер Спасовски.

Прочитајте повеќе

Да се скратат часовите поради топлото време, препорачува МОН

Да се скратат часовите поради топлото време, препорачува МОН

Одлуката на надлежните следува откако родители реагираа на социјалните мрежи и негодуваа децата да бидат …