Средба на градоначалникот Јованоски со вицепремиерот Анѓушев и министерот Сугарески

Средба на градоначалникот Јованоски со вицепремиерот Анѓушев и министерот Сугарески

Градоначалникот Илија Јованоски денеска оствари средба со заменик претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев. Градоначалникот Јованоски и вицепремиерот Анѓушев разговараа на теми од областа на економијата, како и за конкретни проекти кои ќе придонесат за подобрување на економската клима во општина Прилеп.

Претходно, прилепскиот градоначалник Јованоски и министерот Горан Сугарески со своите тимови одржаа работна средба. При тоа беа разгледани плановите и проектите на Општина Прилеп за подобрување на урбаната слика на градот.

Целта е да се изнајдат оптимални солуции за да се реализираат проектите од изборната Програма на градоначалникот Јованоски, коишто се во насока на подобрување на условите за живот во Прилеп.

Прочитајте повеќе

Владата одобри, околу 10.000 странски работници ќе добијат работни дозволи годинава

Владата одобри, околу 10.000 странски работници ќе добијат работни дозволи годинава

Влада донесе одлука за ангажирање на вкупно 10.000 странски државјани во 2026 година, со цел …