Средба на министерот Сугарески со британската амбасадорка Галовеј

Средба на министерот Сугарески со британската амбасадорка Галовеј

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески оствари работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија, Рејчел Галовеј.

На средбата министерот Сугарески ја информираше амбасадорката за инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Северна Македонија како и реформските закони што се спроведуваат во насока на усогласување со европската регулатива.

Сугарески ги потенцираше проектите во делот на изградба на железницата на Коридор 8,  гасификацијата како и подобрување на патната инфраструктура како  дел од Пан Европските коридори.

На средбата се отвори и прашањето за потпишување на билатерална  Спогодба во областа на авиосообраќајот меѓу двете земји, заради претстојниот излез на Велика Британија од Европската Унија.

„Денеска остварив средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија во Република Северна Македонија, госпоѓата Рејчел Галовеј. На средбата разговаравме за проектите што ги реализираме во делот на инфраструктурата. Ја информирав амбасадорката за сите капитални проекти.

Исто така зборувавме и за спогодбата што треба да ја потпишеме во насока на регулирање на авиосообраќајот меѓу двете земји, по најавите за излез на Велика Британија од Европската Унија”, изјави Сугарески.

На средбата, министерот Сугарески изрази благодарност за досегашната соработка и поддршката што Велика Британија и ја дава на Република Северна Македонија.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …