Средба на Општинскиот штаб за управување со кризи - институциите подготвени за справување со Коронавирусот на територијата на општина Прилеп

Средба на Општинскиот штаб за управување со кризи – институциите подготвени за справување со Коронавирусот на територијата на општина Прилеп

На иницијатива на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска се одржа координативен состанок на Општинскиот штаб за управување со кризи, со цел размена на информации околу моменталните сотојби со коронавирусот на територијата на општина Прилеп и подготвеноста на институциите за справување со пандемијата.

Градоначалникот Јованоски, нагласи дека од денеска започна дезинфицирањето на детските градинки, основните и средните училишта, улиците, контејнерите за отпад, градскиот плоштад и останатите јавни површини, а дека во текот на утрешниот ден ќе бидат дезинфицирани сите влезови во општината.
Средба на Општинскиот штаб за управување со кризи - институциите подготвени за справување со Коронавирусот на територијата на општина ПрилепЈованоски потенцираше и тоа дека волонтерската служба од Општина Прилеп секојдневно им излегува во пресрет на десетици наши сограѓани од ризичните категории, околу набавка на намирници за храна, лекови, средства за дезинфекција и останати неопходни продукти, со што старите и хронично болни лица не мора да ги напуштаат своите домови.

Директорот на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“, Драги Богојески брифираше дека болницата и персоналот се опремени со соодветни средства за справување со евентуални случаи на заболени од коронавирусот, а инфектолошкото одделение работи функционира според ажуриран оперативен план за работа во услови на пандемија.

До денеска, во општина Прилеп нема ниту еден заразен со коронавирусот, а тимовите на Центарот за јавно здравје редовно и навремено ги спроведуваат анкетите и тестирањата на лица кои се вратиле од странски земји, информираше раководителката на Центарот за јавно здравје – Прилеп, Драгица Николоска.
Полицијата врши редовна контрола на лицата кои се ставени во домашна изолација, а кои се вратиле од странските земји, потенцираше претставникот на МВР, Кире Спиркоски.

На средбата на Општинскиот штаб за управување со кризи, присуствуваше и претставник на локалната компанија „Гифти Текс“, кој истакна дека започнуваат со изработка на маски за еднократна употреба, кои претходно ќе бидат стерилизирани и без надомест ставени на располагање за потребите на Општината.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …