Средба на Пендаровски со претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки

Средба на Пендаровски со претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки

Претседателот Стево Пендаровски, денеска прими претставници од Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија.

На средбата, претставниците од ова здружение го информираа Претседателот за нивните активности, како и за предизвиците со кои се соочуваат во нивната работа. Тие посочија дека се залагаат за унапредување на положбата на сестрите и акушерките на нивното работно место, проектирање на позитивен и реалистичен поглед на сестринството. Истакнаа дека лобираат на локално и национално ниво за да се развиваат и реализираат политики со кои ќе се подобрува квалитетот на негата на пациентите и со кои ќе се гради важноста на сестрите, акушерките и студентите по сестринство за реализирање на резултатите во здравството.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …