Средба на претседателот Пендаровски со словенечкиот премиер Голоб

Средба на претседателот Пендаровски со словенечкиот премиер Голоб

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на НАТО Самитот оствари средба со Роберт Голоб, претседател на Владата на Република Словенија.

Честитајќи го формирањето на новата словенечка влада, претседателот Пендаровски изрази очекување дека ќе продолжи одличниот развој на билатералните релации на политички и економски план.

Соговорниците разговараа за прашањето на европската интеграција на Северна Македонија и регионот, кое е постојано високо на словенечката надворешно-политичка агенда, при што претседателот се заблагодари за постојаната словенечка поддршка за нашето пристапување кон ЕУ.

На средбата исто така се разговараше и за одличната соработка во областа на одбраната, која е особено значајна за двете земји како сојузнички во НАТО.

Прочитајте повеќе

Уставен суд ќе расправа за Законот за јазиците

Уставен суд ќе расправа за Законот за јазиците

Уставниот суд денеска треба на седница да се произнесе за иницијативите за оценување на уставноста …