Средба на Заев и Битиќи со делегација на Бизнис конфедерацијата: Владата е секогаш конструктивен партнер за соработка

Средба на Заев и Битиќи со делегација на Бизнис конфедерацијата: Владата е секогаш конструктивен партнер за соработка

Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, прими делегација на Бизнис конфедерацијата на Македонија предводена од извршниот претседател Миле Бошков.

Претставниците на Бизнис конфедерацијата на средбата презентираа модел за порамнување меѓу компаниите, односно за поефикасно решавање на прашањето на внатрешниот долг меѓу деловните субјекти, кој, со усогласување на системот меѓу финансиските институции надлежни за овие прашања, може во голема мерка да учествува во намалувањето на внатрешниот јавен долг.

Премиерот Заев и заменик-претседателот Битиќи ја поздравија оваа иницијатива на Бизнис конфедерацијата и истакнаа дека предлозите што доаѓаат непосредно од бизнис заедницата се секогаш добредојдени особено кога станува збор за унапредување на финансиското работење на компаниите.

Заев потенцираше дека предлозите за усовршување на финансиското работење, како што е предлогот за поефикасно уредување на должничко-доверителските односи меѓу компаниите и меѓу нив и јавниот сектор, истовремено значи зголемување на даночната основица, нови приходи кои учествуваат во БДП на државата како и намалување на даночната евазија, и дека бизнис заедницата во Владата секогаш има конструктивен партнер за соработка кога станува збор за иновативни решенија во економско-финансиското работење.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …