Средба на Заев и Шекеринска со вицепремиерот на СР Германија, Шолц

Средба на Заев и Шекеринска со вицепремиерот на СР Германија, Шолц

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со вицепремиерката Радмила Шекеринска, се сретна во Стокхолм со вицепремиерот на СР Германија, Олоф Шолц.

На средбата е пренесена силна порака на поддршка од германската Влада за на реформските постигнувања на нашата држава.

Констатирано е дека е важно да продолжи проширувањето на ЕУ, како за Република Северна Македонија, така за целиот регион, во поглед на стабилноста и натамошниот развој на демократските вредности.

-Работиме на реформите и понатаму, градиме едно општество за сите и на добрососедските односи, ги негуваме европските вредности. Посветени сме на подобар живот за нашите граѓани, економските параметри растат. Нашето место е во Европа, рече премиерот Зоран Заев на средбата со германскиот вицепремиер Олоф Шолц.

Прочитајте повеќе

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Денеска пред Управата за јавни приходи  (УЈП) наместо студентски протест, се одржа протест на десетина …