Средба Османи - Сагарц

Средба Османи – Сагарц

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со европратеникот Кристијан Сагарц кој е во иницијална посета на Република Северна Македонија откако ја презеде должноста известител во сенка (на Европската народна партија – ЕПП) за нашата земја.

На средбата беа разменети мислења и видувања за политиките на проширување на ЕУ, нашето портфолио и за улогата на Европскиот парламент и заедничките напори за суштински пробив во процесите на интеграција.

Министерот Османи ја подвлече извонредно важната улога на Европскиот парламент во промоцијата на европската интеграција како важна политика на ЕУ и како институција која во континуитет ги поддржува политичките аспирации, напорите и очекувањата на Република Северна Македонија (и земјите од нашиот регион) за видлива и опиплива европска перспектива.

“Европскиот парламент е докажан пријател на нашата земја. Поддршката која ја добиваме од разните политички групи е конзистентна, континуирана, но и аргументирана. Реформскиот напредок во последните години е плод на политичка волја, партнерска поддршка, но и верба во европските вредности од страна на нашите граѓани. Ваквиот наратив мора да се негува и да понуди нова енергија за општествена трансформација и реализација на нашата европска агенда . Поддршката од Европскиот парламент и од најбројната политичка група во оваа смисла е значаен катализатор” – истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Европратеникот Сагарц ја реафирмираше поддршката на нашите европски интеграции од страна на ЕПП, но и воопшто во рамки на Европскиот парламент. Подвлече дека оваа институција ќе продолжи да биде вокален поддржувач на Република Северна Македонија и на нужноста од брзо отпочнување на пристапни преговори и дека неговиот моментален капацитет ќе биде ставен во функција на придвижување на оваа цел.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …