СДСМ

СДСМ: Деструктивното ВМРО-ДПМНЕ упорно го блокира Законот за наставници и стручни соработници

Соопштение за јавност на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ знае само да кочи да блокира и да работи против интересите на граѓаните.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за образование, повторно ги блокираат измените и дополнувањата на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат со блокади, откако пред еден месец со навреди, закани и обиди за физички напади се спротивставија на унапредувањето на образованието, решавањето на статусот на наставниците.

ВМРО-ДПМНЕ се противи 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување, наставниот кадар во основните и средните училишта да има правна и економска сигурност.

Блокадите и деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ нема да застанат на патот на реформите во интерес на граѓаните.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ нема да дозволи наставниците, стручните соработници, ниту кој било друг граѓанин да биде заложник на антинародното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …