Средба Заев - Вуцас: Остварувањето европските интеграции на Северна Македонија е стратешки интерес

Средба Заев – Вуцас: Остварувањето европските интеграции на Северна Македонија е стратешки интерес

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во својот кабинет го прими новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во нашата земја, Георг Вуцас.

На средбата исклучително позитивно и пријателски беа оценети билатералните политички односи меѓу двете земји и беше посебно истакната економската соработка која се одвива со интензивна динамика.

Премиерот Заев изрази благодарност за континуираната поддршка од страна на Република Австрија за процесот на проширување и напорите кои се прават за вклучување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

„Австрија е еден од најголемите наши поддржувачи во европските интеграции и наш врвен економски партнер“, истакна премиерот Заев.

Двајцата соговорници констатираа дека Северна Македонија постигна конкретни резултати во спроведувањето на реформите, нема отворени прашања со соседите, со кои заеднички придонесува за поголема безбедност, стабилност и сигурност во регионот

Беше заклучено дека остварувањето на евроатлантските аспирации на Северна Македонија ќе придонесе за подобрување на економската состојба на граѓаните и ќе создаде услови за зголемување на интересите и инвестициите на странските компании.

Премиерот Заев и амбасадорот Вуцас изразија задоволство од можноста за давање личен придонес во продолжувањето на традиционалното пријателство меѓу Северна Македонија и Република Австрија, како и за продолжување на австриската поддршка на патот за остварување на европската перспектива на нашата држава.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …