Делчево

Донесен Социјалниот план на Општина Делчево

На денешната Седница на Советот за социјална заштита на Општина Делчево, беше донесен Социјалниот план за 2020 година во кој се содржани главните активности на Советот за социјална заштита.

Како што истакна претседателката на Советот за социјална заштита, Маријана Стоименовска, активностите се произлезени од анализата направена на Локалниот акциски план за социјална заштита 2019-2021, како и на сосотојбите и потребите на различните социјални групи на ниво на Општина Делчево.  Предвидени се активности поврзани со идентификација на сите ризични групи на ниво на општината, приоритетните интервенции (мерки и форми на социјална заштита), како и идентификација на релеватнтите социјални сили (институции, НВО, приватен сектор и сл.)

– Исто така, на увид и на располагање ќе бидат сите релевантни податоци, ќе се направи анализа на податоците и состојбите, следење, утврдување и анализа на постигнатите резултати и реализирани активности од имплементирањето на Планот и Програмата за образовни асистенти во основните и средни училишта, редовна комуникација, средби и размена на податоци и информации со сите социјални сили на ниво на општината и сл., истакна Стоименовска.

На полето на социјалната заштита се предвидени следните локални мерки и активности:

Ø  Социјална заштита на стари лица

Ø  Деца и младинци во социјален ризик и ризик од зависности

Ø  Ран детски развој

Ø  Парична помош и стимулативни мерки за деца, ученици и студенти

Ø  Социјална заштита на лица со посебни потреби

Ø  Социјално- загрозени семејства

Ø  Воведување на социјална услуга-лични односно образовни асистенти

Ø  Општинско корисна работа и јавни работи

Инаку, Советот за социјална заштита беше формиран пред еден месец, а целта на неговото функционирање е остварување на дејноста на социјална заштита во Општина Делчево и развивање локални мерки и активности за социјална заштита согласно со Законот за социјална заштита. Покрај оваа надлежност општините се надлежни да донесуваат одлуки за утврдување и на други права и социјални услуги во областа на социјалната заштита, како и да обезбедуваат средства за нивна имплементација. Друга битна надлежност што ја дава новиот Закон за социјална заштита е донесувањето годишни програми за потребите на граѓаните од областа на социјалната заштита во која ќе се предвидуваат активности и средства за реализација. Годишните програми ќе се изготвуваат врз основа на социјалниот план на Општина Делчево кој е во согласност со Националната програма за развој на социјалната заштита.

Прочитајте повеќе

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија