Денеска ќе преовладува умерено до значително облачно време, со намалување на облачноста уште од претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец а дневната температура ќе се движи во интервалот од 2 до 12 степени Целзиусови.
Следува период на стабилно време, со повеќе сончеви периоди и со постепен пораст на дневната температура која во јужните делови од земјата ќе достигне 17 Целзиусови степени.