Утрешниот ден Владата го прогласи за Ден на жалост за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Утрешниот ден Владата го прогласи за Ден на жалост за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

На денешната седница, Владата донесе одлука со којашто утрешниот ден, 13-ти февруари, понеделник, е прогласен за Ден на жалост на Република Северна Македонија.

Одлуката е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и во Арапската Република Сирија, на 6-ти февруари 2023 година.

За време на утрешниот Ден на жалост, знамето на Република Северна Македонија, ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство.

На почетокот на владината седница беше оддадена почит за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Владата на Република Северна Македонија изразува длабоко сочувство за загубите, до целиот турски народ и до блиските на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.

Прочитајте повеќе

Алијансата за Албанците на Таравари оди во опозиција

Алијансата за Албанците на Таравари оди во опозиција

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, објави дека највисоките раководни органи вечерва донеле одлука …