„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава

Според информациите од Министерството за финансии, кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед, земјава го има во континуитет од 2013 година и е задржан и покрај здравствено-економската криза и ценовната и енергетската криза

Агенцијата „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава ББ со стабилен изглед. Во својот најнов извештај агенцијата нотира дека економскиот раст на среден рок ќе се стабилизира, а значаен имплус ќе даде приватната потрошувачка и инвестициите, вклучително и капиталните инвестиции. Дополнително влијание врз економските перспективи ќе има и напредокот во ЕУ интергацијата, која ќе придонесе и за зајакнување на структурните и институционалните капацитети.

„Земјата ќе продолжи со фискалната консолдација, намалувањето на инфлацијата и заштитата на финансиската стабилност, како и со структурните реформи, а долгот ќе се одржува на стабилно ниво“, стои во извештајот на „Стандард и Пурс“

Според информациите од Министерството за финансии, кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед, земјава го има во континуитет од 2013 година и е задржан и покрај здравствено-економската криза и ценовната и енергетската криза.

„Агенцијата нотира дека e значајно да продолжат напорите за структурни реформи, зајакнување на институционалните капацитети при истовремена консолидација на одржливите фискални политики, што може да придонесе и за зголемување на рејтингот. Кризата во 2023 година ќе има се уште влијание, но сепак буџетскиот дефицит очекува да биде понизок во однос на 2022 година на ниво од 4,4 проценти, кое е пониско од владините проекции 4,6 проценти. Донесениот Закон за буџети ќе помогне во забрзување на фискалната консолидација. Владата е насочена кон намалување на трошоците, а даночната реформа се очекува да ги зајакне приходите. Државниот долг на среден рок се очекува да се стабилизира“, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Прочитајте повеќе

Народна банка

Народна банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор

Народната банка води соодветни политики, кои придонесоа за стабилизација на инфлацијата, курсот на денарот и …