Станојковски и Николов ги одбранија титулите државен првак во пинг-понг

Станојковски и Николов ги одбранија титулите државен првак во пинг-понг

Овој викенд се одржа најпрестижниот турнир во пинг-понг во Македонија, Државното првенство за сениори и сениорки во категорија поединечно, двојки и мешани двојки. Првенството се одржа во СЦ Борис Трајковски, а учество зедоа околу 80 натпреварувачи од клубови од целата држава.

Кристијан Станојковски од ППК Крива Паланка по 12-ти пат стана државен првак и со тоа се врати на првото место на ранг листата.
Резултати во машка конкуренција: 
1. Кристијан Станојковски – ППК Крива Паланка – Крива Паланка
2. Ѓоко Јочкоски – ППК Младост – Прилеп
3. Петар Костовски – ППК Младост 96 – Прилеп
3. Васко Манасијески – ППК Работнички – Скопје
Резултати во женска конкуренција:
1. Амелија Николов – ППК Шампион Фа – Штип
2. Софија Хасану – ППК Младост 96 – Прилеп
3. Катарина Лаура Михајлов -ППК Телеком Нец 2 – Скопје
3. Ива Димитриевска – ППК Рисови – Скопје
Најмладата која што стигна до медал е 13-годишната Сара Ризовска од ППК Берово, која во двојки со Васе Богоеска се закитија со бронзен медал. Во конкуренција на двојки се постигнаа следните резултати:
Резултати од женски двојки:
1. А. Стојановска – К.Л. Михајлов – ППК Крива Паланка – Крива Паланка и ППК Телеком Нец 2 – Скопје
2. С. Хасану – Е. Марковска – ППК Младост 96 – Прилеп
3. И. Димитриевска – А. Николов – ППК Рисови – Скопје и ППК Шампион Фа – Штип
3. В. Богоеска – С. Ризовска – ППК Младост 96 – Прилеп и ППК Зегин Берово – Берово
Резултати од машки двојки:
1. С. Богатинов – Л. Стојчев – ППК Шампион Фа – Штип
2. А. Стомнароски – М. Калески – ППК Младост 96 – Прилеп
3. Т. Кировски – Х. Јованов – ППК 10 60 Ѓорче Петров и ППК Рисови – Скопје
3. Д. Жоговски – Р. Михајловски – ППК Телеком Нец 2 – Скопје
Резултати од мешани двојки:
1. К. Станојковски – А. Стојановска – ППК Крива Паланка – Крива Паланка
2. Ф. Младеновски – А. Николов – ППК Шампион Фа – Штип
3. А. Стојановски – С. Стојановска – ППК Крива Паланка – Крива Паланка
3. Ѓ. Јочкоски – С. Хасану – ППК Младост 96 – Прилеп

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …