Врнежливо време

Денеска и утре дожд и пад на температурата, од среда стабилизирање на времето

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег.

Утре времето ќе биде ветровито и студено со значително пониски дневни температури, кои во ноќта наместа ќе се спуштат под нулата. Ќе дува силен северен ветер, наместа со брзина и над 70 км/час. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Прочитајте повеќе

Не сте само спомен, вие сте љубов, порачаа родителите на 63 жртви на годишнината од трагедијата во Кочани

Не сте само спомен, вие сте љубов, порачаа родителите на 63 жртви на годишнината од трагедијата во Кочани

Денеска се одбележува една година од катастрофалниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој …