Владина делегација оддаде почит и положи цвеќе во чест на бранителите, а по повод 22 годишнината од настаните кај тетовско Кале

Владина делегација оддаде почит и положи цвеќе во чест на бранителите, а по повод 22 годишнината од настаните кај тетовско Кале

Делегација на Владата на Владата предводена од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и советникот за одбрана на претседателот на Владата, Драган Василевски, денеска, пред „Споменикот на бранителите“ во паркот „Жена борец“ во Скопје, оддадоа почит и положија цвеќе во чест на бранителите, кои учествуваа во вооружените борби на тетовското Кале, во воениот конфликт од 2001 година.

На одбележувањето на 22 годишнината од настаните кај тетовско Кале, пред „Споменикот на бранителите“ во паркот „Жена борец“ во Скопје присуствуваа, оддадоа почит и положија цвеќе повеќе високи делегации, меѓу кои делегација од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, припадници на Армијата и полицијата, претставници на бранителите, нивните пријатели и членови на семејствата.

Настанот е во организација на партијата „Достоинство“.

Прочитајте повеќе

UltiMATH финале

UltiMATH финалето започна: 350 најдобри средношколци се натпреваруваат за награда од 10.000 евра

Денес започна првиот ден од финалето на UltiMATH, најголемиот натпревар по математика за средношколци во …