Стејт Департмент: Спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија да се решава надвор од пристапниот процес за ЕУ
WASHINGTON, DC - SEPTEMBER 12: A sign stand outside the U.S. State Department September 12, 2012 in Washington, DC. U.S. Ambassador to Libya J. Christopher Stevens and three other Americans were killed in an attack on the U.S. Consulate in Benghazi, Libya. (Photo by Alex Wong/Getty Images)

Стејт Департмент: Спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија да се решава надвор од пристапниот процес за ЕУ

Ние сме јасни во нашата желба да ја видиме кандидатурата на Северна Македонија во преговарачката рамка до крајот на оваа година, изјави портпаролот на Стејт департментот за Гласот на Америка.

САД ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да ги решат билатералните спорови надвор од пристапниот процес, за да се постигне заедничката цел за членство на Северна Македонија во Европската Унија, изјави за Гласот на Америка портпаролот на Стејт департментот.

„Ние сме јасни во нашата желба да видиме кандидатурата на Северна Македонија да влезе во преговарачката рамка до крајот на оваа година“, рече портпаролот на Стејт департментот, нагласувајќи дека ги поздравува напорите за преговори.

Во изјавата се вели дека „процесот на проширување промовира долгорочен мир, стабилност и просперитет низ регионот. Одлуката на ЕУ во март, да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија беше позитивен чекор, и го негираше лажниот наратив дека трансатлантската заедница го запоставила Балканот“.

„Одложувањето на пристапот на овие држави во ЕУ ризикува да се обноват прашањата за кредибилноста на ЕУ во регионот“, изјави портпаролот на Стејт департментот, додавајќи дека САД се силен поддржувач на евроатлантската интеграција на Западниот Балкан.

Извор: VOA

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …