Стотици демонстранти ја запалија шведската амбасада во Багдад

Стотици демонстранти ја запалија шведската амбасада во Багдад

Причината за ваквите протести беше инцидентот кој го предизвика човек во Стокхолм, кој запали страници од Куранот пред главната џамија

Демонстранти утрово ја запалија амбасадата на Шведска во ирачката престолнина Багдад. Стотици демонстранти кои протестирале поради палењето на Куранот, упаднале во амбасадата и запалиле дел од зградата. Според агенциите, нема повредени луѓе што биле во амбасадата.

Протестите беа дикретно провоцирани од одлуката на полицијата во шведската престолнина Стокхолм која даде дозвола за нов протест, иако организаторите наводно планирале уште едно палење на муслиманската света книга Куранот, пренесува Си-Ен-Ен.

На претходниот протест во Стокхолм, беа запалени страници од Куранот пред главната џамија, што предизвика бес и осуда низ муслиманскиот светот.

Ирачкото Министерство за надворешни работи го осуди палењето на шведската амбасада во Багдад, се вели во соопштението на Министерството.

Шиитскиот свештеник Муктада ал Садрво, беше еден од главните организатори на овие демонстрации против второто планирано палење на Куранот во Шведска, најавено за следните седмици за неколку недели.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …