Времето во Македонија денеска ќе биде облачно, студено и ветровито, со повремени врнежи од снег на планините со слаб до умерен интензитет.
Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата.
Дневната температура ќе се движи од 2 до 9 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд, а температурата во текот на денот ќе достигне до 6 Целзиусови степени.