Студено време

Студено време со врнежи од снег, од понеделник утрински температури и под -15 степени

Под влијание на влажен и студен бран, денеска во нашата земја ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица.

Локални врнежи од снег ќе има и во недела претпладне. Од понеделник времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините и со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Преголема моќ кај десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ значи крај на нашите ЕУ перспективи

Ковачевски: Преголема моќ кај десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ значи крај на нашите ЕУ перспективи

Ако десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ добие преголема моќ, тоа ќе стави крај на нашите …