Груевски

Судот во Будимпешта го отфрли барањето за екстрадиција на Груевски

Судот во Будимпешта на денешното рочиште реши да да го отфрли барањето за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, јави „Индекс. ху“.

Судијката во одлуката соопшти дека за екстрадицијата на бегалецот Груевски, кој во земјава треба да одлежува казна од две години за набавката на блиндираниот мерцедес вреден речиси 600.000 евра, се решавало врз основа на барањето упатено од Министерството за правда на Република Северна Македонија.

Одбраната побара судското рочиште да биде затворено за новинарите. Тоа почна во 10 часот, а заврши во 11.13 часот.

Судијката Ева Вархеѓ соопшти дека барањето за екстрадиција се отфрла поради статусот на азилант.

Потоа притворот за Груевски беше укинат.

Засега е непознато дали Јавното обвинителство на Будимпешта ќе ја обжали одлуката.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, утринава се пријавил кај македонските власти по што …