Од 18 до 21 јули во Прилеп ќе се одржи „Пивофест 2019“

Од 18 до 21 јули во Прилеп ќе се одржи „Пивофест 2019“

Прилеп по 17-ти пат ќе биде домаќин на фестивалот на пивото „Пивофест“, кој годинава ќе се одржува од 18 до 21 јули.

Градоначалникот Илија Јованоски на денешната прес конференција ја потврди подготвеноста на градот за почеток на „Пивофест“ и истакна дека врз основа на неформални консултации со граѓаните, угостителите и институциите, како и сите претходни години локацијата останува непроменета.

„Оваа година ќе биде малку поразлична од претходната, затоа што ќе имаме повеќе брендови на пиво и пивари кои ќе бидат дел од овој фестивал. Направивме можност со повеќе алтернативни простори и дополнителни содржини да им излеземе во пресрет на сите граѓани, со цел задоволување на сите вкусови за време на четирите фестивалски денови. Годинава нема да има огномет, дел од средствата кои се наменувале за тоа ќе бидат подарени на Здружението на лекувани алкохоличари од нашиот град, како поттик за нашите сограѓани и за здружението“, истакна Јованоски.

Организатори на „Пивофест 2019“ се „Баги Комуникации“, кои ја подготвија следната програма:

Четврток: Прилепски еснаф; Селимова – Желчески; Ѓорѓе Давид и Ивана Негатив; Галија.

Петок: Миле Кузманоски; Ален Хасановиќ и Кантурови; Светлана Цеца Ражњатовиќ.

Сабота: The Hounds; Влатко Стефаноски Трио; Фрајле; Тамара Тодевска.

Недела: Бен Хур; Кал бенд; Сања и Маринко Зец од Нови Фосили; Cyrillic.

За посетителите од другите градови и оваа година ќе биде организирано кампување на Паркот на револуцијата.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …