Сугарески: Министерството и натаму ќе биде партнер на општините во реализација на капиталните проекти

Сугарески: Министерството и натаму ќе биде партнер на општините во реализација на капиталните проекти

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска оствари работна посета на општина Кисела Вода, каде заедно со градоначалникот Филип Темелковски извршија увид во градежните работи за санација на улицата Христо Татарчев, Крак 22 во Припор.

Во текот на средбата, министерот Сугарески и градоначалникот Темелковски разговараа за проектите што се реализираат во општината, како и за проекти што општина Кисела Вода планира да ги започне во иднина.

Во изјава за медиумите, министерот Сугарески истакна дека капиталните инвестиции во Република Македонија ќе продолжат да растат, а резултатите ќе бидат видливи во третиот и четвртиот квартал.

Во продолжение следува изјавата на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески:

„Денеска сум во работна посета на Општина Кисела Вода каде заедно со градоначалникот Темелковски извршивме увид во градежните работи за санација на улицата Христо Татарчев, Крак 22 во Припор. За време на средбата, градоначалникот ме запозна и со останатите проекти кои се реализираат во општината, како и со инфраструктурните проекти кои планираат да ги реализираат во иднина. Сакам да истакнам дека Министерството за транспорт и врски и понатаму ќе продолжи да биде поддржувач на општините и на нив гледа како на партнер во реализацијата на капиталните проекти кои имаат за цел да го подобрат животот на граѓаните.

Кога станува збор за капиталните проекти, ќе нагласам дека Република Македонија се наоѓа во голем и значаен инвестициски циклус во делот на инфраструктурата  и во наредниот период ќе се инвестираат повеќе од една милијарда евра за изградба на патишта, пруги, гасоводна мрежа, канализации и водоводи и други инфраструктурни проекти. Оваа градежна сезона низ целата земја интензивно се работи на сите владини проекти поврзани со нискоградбата, водоводните мрежи и пречистителните станици. Капиталните инвестиции ќе продолжат да растат, а резултатите ќе бидат видливи во третиот и четвртиот квартал. Имаме отворен фронт за работа насекаде и очекуваме пораст на БДП и засилен економски раст на државата.

На крај сакам да потенцирам дека и понатаму ќе останеме силно посветени на создавање поволни услови за развој на земјата и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани“ – изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …