Сугарески: Патриотизмот се мери според она што сме го направиле за државата и за средината во која сме се граделе како личности

Сугарески: Патриотизмот се мери според она што сме го направиле за државата и за средината во која сме се граделе како личности

фб статус на Горан Сугарески, поранешен министер за транспорт и врски

Драги пријатели,

Во денешно време, патриотизмот се мери според она што сме го направиле за државата, за општината, за средината во која сме растеле и сме се граделе како личности. Притоа, со право, со посебен аршин се вага она што зад себе го оставиле најповиканите за тоа, оние чија визија и посветеност кон работата во голема мера ја одредува иднината на граѓаните – политичарите.

Како некој кој бил дел од извршната власт во време кога и локалната власт во Прилеп била во рацете на СДСМ, ќе потсетам на дел од проектите кои со државни и општински пари беа реализирани на територијата на општина Прилеп:

  • Изградба на клучка кај ТИРЗ „Прилеп“, вредност: 4.000.000 евра;
  • Ревитализација на трансформаторска станица „Прилеп 1“, вредност: 1.100.000 евра;
  • Реконструкција на стариот регионален пат Прилеп-Тополчани-Битола, вредност: 1.000.000 евра;
  • Изградба на спортско-рекреативен комплекс кај Прилепското вештачко езеро, вредност: 850.000 евра, кој пропаѓа заради негрижата на локалните власти;
  • Реконструкција на патот Прилеп – Вештачко езеро, вредност: 680.000 евра
  • Изградба на патот Волково – Прилепец – манастир „Св.Никола“, вредност 500.000 евра.

Во периодот од 2017 до крајот на 2021 година, целосно беа завршени, или пак започна реализацијата и на следните капитални инвестиции и проекти, кои се од витално значење за граѓаните и стопанските субјекти од општина Прилеп:

  • Реконструиран храмот на фудбалот, Градскиот стадион „Гоце Делчев“;
  • Изграден ИКТ Центар кај касарната „Мирче Ацев“;
  • Изградена спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски“;
  • Реконструиран булеварот „Гоце Делчев“;
  • Од темел реконструирани Гимназијата „Мирче Ацев“ и медицинското училиште „Ѓорче Петров“;
  • Значајни инвестиции во, без исклучок, сите основни и средни училишта;
  • Целосна реконструирани 19 км од патот Прилеп-Фариш;
  • Рехабилитиран патниот правец Лагово-Штавица-Витолиште во должина од 16 км;
  • Во болницата „Борка Талески“ ставен во функција апарат за магнетна резонанца;
  • Комплетна реконструкција на Полициската станица од Општа надлежност – Прилеп;
  • „Самоилова“ и „Војводинска“, најважните сообраќајни артерии во населбата „Точила“ во должина од 2.100 метра, прв пат после нивната изградба добија нов асфалт;
  • Рехабилитирани клучните улици во УЗ „Гоце Делчев“ „Петта Прилепска бригада“ и „Октомвриска“ во должина од 2.000 метра;
  • Нов лик имаат и двата кеја „1 Мај“ и „9 Септември“;
  • Изградени и реконструирани беа и „Целе Мавроски“ и „Мице Козар“, како и голем број улици во населбите Марино Маало, Тризла, Тризла 2, Вишне, Центар, Варош, Бончејца, Рид, Корзо;
  • Реконструирана водоводна и канализациона мрежа во должина од 25, односно 5,5 км;
  • Нова детска градинка во населбата Точила која актуелната локална власт нема капацитет конечно да ја доизгради и да ја стави во употреба, комплетно реновирани сите постечки објекти на ЈОУ Детска градинка „Наша иднина“;
  • Асфалтирани патишта и улици, изградени водоводни и канализациони мрежи во населените места;
  • Изградба на експресниот пат Прилеп-Градско, односно делниците Фариш-Дреново и Дреново-Градско.

Почитувани,

Ова се конкретни показатели за реализирани проекти, километри изградени и рехабилитирани улици и патишта, водоводни и канализациски мрежи, новоизградени и реконструирани објекти, за време на моето извршување на функцијата министер во Министерството за транспорт и врски, како и на 48-месечниот мандат на претходната локална власт на СДСМ.

Деновиве се навршуваат 16 месеци, или точно една третина од мандатот на актуелната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ. Имајќи го предвид фактот дека во тој период имаат реализирано НУЛА проекти и НУЛА проценти од изборните ветувања, споредбата помеѓу тоа што СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го правеле и го прават за граѓаните на општина Прилеп, повлекувањето знак на равенство помеѓу едните и другите – ја губи секоја смисла!

Прочитајте повеќе

Дивоградби во Охрид

Нови дивоградби го загрозуваат Студенчишко Блато, УНЕСКО повторно предупреди дека Охрид е наследство во опасност

За случајот со дивоградбите и незаконски приватизираните парцели во Студенчишко Блато, Фронт 21/42 поднел пријави …