Сугарески: Предвидени се 300 милиони евра инвестиции во патишта во Источниот регион

Сугарески: Предвидени се 300 милиони евра инвестиции во патишта во Источниот регион

Должината на експресниот пат Штип – Кочани кој е во изградба, изнесува 28 километри и предвидено е да се гради во две фази, информираше денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески кој направи увид во градежните работи.

– Во тек е изградба на првата фаза од Штип до Крупиште во должина од 14,3 километри, инвестиција со вредност од преку 20 милиони евра. При изградбата на оваа фаза, наидовме на потешкотии при реализацијата на проектот, но успеваме да ги надминеме и во моментов вкупниот прогрес на градежните работи изнесува 20 отсто – изјави Сугарески.

Во однос на втората фаза од реализацијата, во тек е одобрување на тендерската документација.

– Источниот регион е токму оној во кој се предвидени најголеми инвестиции во изградба и реконструкција на патната мрежа. Тука ќе реализираме инвестиции од околу 300 милиони евра во изградба на автопати, два експресни патишта и реконструкција на регионалните патишта. Вкупниот прогрес на градежните работи на автопатот Миладиновци – Штип изнесува 77 отсто и согласно анекс-договорот што го потпишавме, очекуваме да биде завршен до септември оваа година – додаде Сугарески.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …