Сугарески: За 2 години СДСМ реализираше 700 километри патна мрежа, 400 километри се во изградба

Сугарески: За 2 години СДСМ реализираше 700 километри патна мрежа, 400 километри се во изградба

СДСМ за 2,5 години реализираше 700 километри патна мрежа, уште 400 километри се во изградба, а 300 километри ќе почнат да се прават на пролет, истакна членот на ЦО СДСМ Горан Сугарески на трибината под мотото „На прав пат“ денеска во Прилеп.

Тоа е неспоредливо многу повеќе отколку ВМРО ДПМНЕ за 11 години.

Гасоводот Скопје – Тетово- Гостивар ќе биде завршен идната година, завршен е до Прилеп- Неготино, идната година ќе биде и до Битола, готова е пругата Куманово – Бељаковце, како и Битола – Кременица, изградени се 60 километри водоводи и канализација, 180 километри се во фаза на изградба рече Сугарески.

Кога СДСМ беше опозиција 17 пати го предлагаше законот за минимална плата, за стечајни работници, а ВМРО-ДПМНЕ ни се смееше и по секое одбивање на законските предлози во центарот на Скопје никнуваше по еден споменик, истакна Сугарески

Сега минималната плата е зголемена од 9 на 14.500 денари, сега е решен статусот на 12 илјади стечајни работници, кои сегаат земаат паричен надоместок, нагласи Сугарески.

Една од првите мерки, што ја спроведуваме  е зголемување на субвенцијата за тутунарите, рече Сугарески, додавајќи дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ се бориме за зголемување на пензиите, за уникување на квотите за лекови, платите на докторите.

Ние ќе продолжиме да работиме, бидејќи навистина сме убедени дека ова е вистинскиот, правиот пат, истакна во Прилеп членот на ЦО СДСМ Горан Сугарески.

Прочитајте повеќе

Таткото на Вања Ѓорчевска

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

Ми одзедоа сè. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од …