Сугарески: За две години гасоводот ќе стигне до сите општини

Секоја општина ќе има магистрален гасовод, а секундарната гасификација треба да ја направат општините, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во интервју за Радио Слободна Европа.

„Оваа година ќе отпочне интерконекциската врска со Република Грција, исто така ќе отпочне и со Република Бугарија. Тука би сакал да кажам дека Министерството за транспорт и врски, заедно со Владата, планираат магистралните гасоводи комплетно да бидат завршени на почетокот на 2020 година. Тоа значи дека ние како Министерство треба да обезбедиме до пред секоја општина да има магистрален гасовод, а секундарната гасификација треба да ја направат општините. Во делот на експропријацијата, останати се дваесетина предмети во делот на Штип-Неготино, околу 160 предмети во делот Кавадарци-Прилеп-Битола и околу 700 предмети коишто во моментот се работат во делот Скопје-Тетово-Гостивар“, потенцираше Сугарески.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …