полиција полицајци

СВР Битола: Изречени 132 санкции за брзо возење

Соопштение за јавност од СВР Битола

Вчера на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што се санкционирани 132 возачи. Од нив, 94 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прочитајте повеќе

Од вечерва ново поскапување на дизелот

Од вечерва ново поскапување на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република …