Горива

Дизелот поевтин за денар и половина, бензините за половина денар

Од полноќ малопродажната цена на Еуродизел се намалува за 1,5 денари за литар, а малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на екстра лесното масло за домаќинство, се намалуваат за 0,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Во соопштението од РКЕ, пишува дека од полноќ литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 81 денар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 83 денари за литар, дизел горивото ќе чини 74 денари за литар, маслото за горење екстра лесно 1 ќе чини 73,5 денари за литар, а мазутот ќе се продава за 38,130 денари за килограм.

Прочитајте повеќе

Административци не сакаат да спроведуваат избори, сакаат да празнуваат

Административци не сакаат да спроведуваат избори, сакаат да празнуваат

Реална потреба или празниците и распустот ги натераа административците да се повлекуваат од членството во …