Од утре замрзнуваат цените на јајцата и оризот, ќе се анализираат цените на месните производи

Од утре замрзнуваат цените на јајцата и оризот, ќе се анализираат цените на месните производи

Цените на шеќерот и на брашното засега нема да се замрзнат и ќе им се даде можност на производителите да ги намалат цените бидејќи е почнат тренд на намалување.

Цените на оризот и на јајцата од утре ќе замрзнат на ниво на една од цените која важела во текот на март, рече министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

„Нема да биде денешната цена, но тоа ќе биде една од цените во текот на месец март. Не сакаме да кажеме која, за да не се подготват трговците и производителите, но тоа не значи дека немаме доверба во стопанствениците. Не би сакал да објавувам пред да биде донесена одлуката на Влада. Ќе биде една од цените која била во март“, појасни министерот.

Тој додаде дека цените на шеќерот и на брашното засега нема да се замрзнат и ќе им се даде можност на производителите да ги намалат цените бидејќи е почнат тренд на намалување.

„Моментално сме најевтини во делот на цените на јајцата во регионот. Нема да дозволиме покачување на цените поради зголемената побарувачката поради Велигден, рамазанските пости и Бајрам“, рече Бектеши.

Тој соопшти и дека цените на месните производи ќе бидат една од наредните мерки што ќе се анализираат.

„Сакам да поздравам некои од домашните компании кои уште пред март почнаа да ги намалуваат цените. Ние и ги посетивме. Цените на месните проиозводи кои се увезуваат ќе биде една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија“, истакна Бектеши.

Прочитајте повеќе

Административци не сакаат да спроведуваат избори, сакаат да празнуваат

Административци не сакаат да спроведуваат избори, сакаат да празнуваат

Реална потреба или празниците и распустот ги натераа административците да се повлекуваат од членството во …