СВР Битола: Извештај за преземени мерки и активности од недозволена трговија со оружје за периодот јануари - февруари

СВР Битола: Извештај за преземени мерки и активности од недозволена трговија со оружје за периодот јануари – февруари

Извештај на СВР Битола за преземени мерки и активности од недозволена трговија  со оружје за периодот јануари – февруари 2023 година

На подрачјето на СВР Битола за првите два месеци од 2023 година од Одделението за недозволена трговија со оружје поднесени се вкупно 7 кривични пријави за сторени 7 кривични дела против 8 сторители, при што се одземени 3 пиштоли, 1 воздушна пушка, 1 ловна пушка, 1 пиштол за светлосна и звучна сигнализација, 50 парчиња муниција, 629 парчиња петарди.

Одделно по градови:

  • Битола: поднесени се 4 кривични пријави за 4 кривични дела против 4 сторители, при што одземени се 2 пиштола, 1 воздушна пушка, 1 ловна пушка, 49 парчиња муниција, 37 парчиња пиротехника;
  • Прилеп: поднесени се 2 кривични пријави за 2 кривични дела против 2 сторители, при што одземени се 1 пиштол и 1 пиштол за светлосна и звучна сигнализација,
  • Ресен: поднесена е 1 кривична пријава за 1 кривично дело против 2 сторители, при што одземени се 592 парчиња пиротехника.

На подрачјето на СВР Битола поднесени се вкупно 8 барања за поведување прекршочна постапка за сторени 8 прекршоци по Закон за оружје против 8 сторители, при што одземени се 2 пиштоли, 1 воздушна пушка, 1 ловна пушка, 1 пиштол за светлосна и звучна сигнализација, 13 парчиња муниција, 3 парчиња ладно оружје, или по градови:

  • Битола: поднесени 5 барања за прекршочни пријави, против 5 сторители, одземен 1 пиштол, 1 воздушна пушка, 1 ловна пушка, 13 парчиња муниција, 2 парчиња ладно оружје;
  • Прилеп: поднесени 2 барања за прекршочни пријави, против 2 сторители, одземен 1 пиштол за светлосна и звучна сигнализација, 1 ладно оружје;
  • Крушево поднесено 1 барање за прекршочна пријава, против 1 сторител, одземен 1 пиштол, 1 ладно оружје.

Настани: Во СВР Битола пријавен еден настан во врска со „неовластено изработување, држење и тргување со оружје“, предвидено и казниво по чл. 396 од Кривичниот законик, лицето е лишено од слобода, пронајдена артилериска граната.

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …