Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на СВР Битола изречена е вкупно 51 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 5 мерки за возење без возачка дозвола, 2 санкции за користење мобилен телефон при возење, 6 санкции за непрописно паркирање, 2 санкции за управување под дејство на алкохол.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, а од СВР Битола апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот.