Во понеделник, 11-ти декември со почеток во 12:00 часот, Советот на општина Прилеп ќе ја одржи редовната 35-та седница, на која советниците ќе расправаат и за предложениот ребаланс на општинскиот буџет за 2023 година.
За седницата е предложен следниот дневен ред:
- Предлог-Решение за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Прилеп.
- Предлог-Решение за верификација на мандат на член на Советот на Општина Прилеп.
- Предлог-Решение за измена и дополнување на Решението за формирање Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина.
- Предлог-Решение за измена и дополнување на Решението за формирање Комисија за родова еднаквост.
- Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година.
- Предлог-Одлука за определување на трасата за регулација на Оревоечка рекa, со санација на веќе постоечкото регулирано корито како и продолжување со регулација на коритото пред и по постоечка регулација во рамките на ГУП на град Прилеп, КО Прилеп, Општина Прилеп.
- Предлог-Одлука за давање согласност на консолидираната завршна сметка за 2022 година од ЈКП ,,Комуналец” Прилеп и ДООЕЛ ,,Терминал-Комуналец” Прилеп.
- Предлог-Одлука за усвојување на Програма за инвестиции во ЈКП ,,Комуналец” Прилеп, за 2024 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Програма за управување со отпад на територијата на Општина Прилеп, за 2024 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Програма за одржување на јавна чистота на територијата на Општина Прилеп, за 2024 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Програма за одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини и Програма за подигање и одржување на зеленило, за 2024 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Програма за работа и одржување на градските гробишта и капела за 2024 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Програма за работа на прифатилиште за бездомни кучиња, за 2024 година.
- Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП „Пазари”-Прилеп, за период од 01.07.2023 година до 30.09.2023 година.
- Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈПЕД „Енерго Прилеп“ Прилеп, за период од 01.07.2023 година до 30.09.2023 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на ЈОУДГ „Наша иднина’’ Прилеп, за 2024 година.
- Предлог-Одлука за давање согласност на Правилник за начелата на внатрешна организација на ЈОУДГ „Наша Иднина” – Прилеп.
- Предлог-Одлука за давање согласност на Правилник за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Наша Иднина“-Прилеп.
- Предлог-Одлука за ослободување од партиципација на вкупно дваесет и пет деца Роми што се во социјален ризик, на возраст од три до шест години за учебната 2023-2024 година, во рамките на проектот ,,Инклузија на деца Роми во предучилишно образование во ЈОУДГ ,,Наша Иднина ‘’-Прилеп.
- Предлог-Одлука за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на К.П. бр.4583/3 КО Прилеп на барање од Звезда Трајческа.
- Предлог-Одлука за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на К.П. бр.3216 КО Ореовец на барање од Мирослав Попоски.
- Предлог-Одлука за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на К.П. бр.1707/1 КО Ореовец на барање Пецо Тодороски.