СЗО: Имунизацијата со вакцината на АстраЗенека да продолжи, придобивките поголеми од евентуалниот ризик

СЗО: Имунизацијата со вакцината на АстраЗенека да продолжи, придобивките поголеми од евентуалниот ризик

Светската здравствена организација (СЗО) во денешната изјава во однос на безбедноста на вакцијата против ковид-19 на производителот АстраЗенека препорачува земјите да продолжат со имунизацијата на населението со оваа вакцина.

„СЗО смета дека придобивките од вакцината АстраЗенека ги надминуваат нејзините ризици“, се наведува во изјавата на СЗО.

Тие дополнуваат дека вакцинацијата против ковид-19 нема да ги намали заболувањата или смртта од други болести. Од СЗО додаваат дека венскиот тромбоемболизам е третото најчесто кардиоваскуларно заболување на глобално ниво и тромбоемболиски настани често се случуваат.

Сепак, од СЗО велат дека нивниот Глобален советодавен комитет за безбедност на вакцините внимателно пристапува кон најновите достапни податоци за вакцината на АстраЗенека и откога ќе заврши испитувањето, наодите веднаш ќе ѝ бидат соопштени на светската јавност.

И производителот АстраЗенека денеска излезе со соопштение, во кое вели дека до 8 март во ЕУ и Велика Британија со нивната вакцина против ковид-19 се вакцинирани 17 милиони луѓе и досега биле забележани 15 случаи на длабока венска тромбоза и 22 случаи на белодробна емболија кај лица откако ја примиле нивната вакцина.

„Ова е многу помал број отколку што би било природно споменатите симптоми да се појават кај олку широка популација, а слично е и со другите регистрирани вакцини против ковид-19 инфекциите“, се вели во соопштението на АстраЗенека што го пренесува агенцијата Танјуг, кое е објавено од белградскиот весник „Политика“.

Од АстраЗенека додаваат дека немаат проблеми во однос на квалитетот на одредена серија од нивните вакцини што се користат во ЕУ и низ целиот свет. Тие потсетуваат дека при процесот на изработка на вакцината, направени се над 60 тестирања од нивната компанија и од нејзини партнери, но и над 20 тестирања се изготвени од независни лаборатории во однос на безбедноста на нивните вакцини против ковид-19.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Спасовски: Предлогот за Влада е без план во економијата и стратешките цели

Спасовски: Предлогот за Влада е без план во економијата и стратешките цели

Од она што денеска беше соопштено во јавноста при поднесувањето на предлогот за работа и …