Талевски: Граѓани на Прилеп, време е за одлука!

Талевски: Граѓани на Прилеп, време е за одлука!

Миле Талевски – Кандидат за пратеник на СДСМ во И.Е. 4

Почитувани граѓани,

Време е за одлука.

Избирате помеѓу два целосно спротивни концепти.

Едниот, повеќе пари во вашите раце, уште повисоки плати, зголемени пензии, повеќе работни места, нови инвестиции.

Другиот, обнова на режимот и повторно крадење на народните пари.

Ние, инвестираме во најнеопходната работа за современа држава – инфраструктурата.

Насекаде во државата градиме улици, булевари, локални и експресни патишта, автопати. Тоа е инвестиција во новата развојна македонска економија.

Да продолжиме да си ја градиме државата.

Го вративме достоинството на земјоделецот.

Ги зголемивме субвенциите. Сега, се исплаќаат навремено и неселективно.

Да продолжиме за уште повисоки субвенции, за повеќе пари во земјоделието, за целосно бесплатна „зелена“ нафта.

Го реконструиравме храмот на спортот – градскиот стадион „Гоце Делчев“. Се обврзавме и го враќаме спортот на спортистите.

Да продолжиме напред за нова спортска инфраструктура, за нови спортски подвизи!

Ја вративме слободата. Донесовме храбри одлуки. Станавме членка на НАТО. Почнуваме преговори со ЕУ.

Стоиме рамо до рамо со најмоќните земји, како признаена, слободна, демократска држава, со зацврстен идентитет.

Да продолжиме кон новите европски перспективи.

Почитувани пријатели, драги сограѓани

На 15 јули, одлучуваме за сопствената иднина, за иднината на најблиските, за иднината на државата.

На 15 јули, масовно да излеземе на гласачките места, да го заокружиме бројот 3, да продолжиме на правиот пат.

Само заедно #Mожеме уште повеќе и уште подобро.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Кренете ги главите - СДСМ е храбра и уште поодлучна за европската иднина на Македонија

Битиќи: Кренете ги главите – СДСМ е храбра и уште поодлучна за европската иднина на Македонија

„Граѓаните ни испратија порака, ги слушнавме. Ја прифаќаме одговорноста. А денес е нов ден – …