Миле Талевски

Талевски: Граѓаните го препознаваат лошото владеење на ДПМНЕ на локално ниво

Во емисијата Студио 10 на ТВ 24, пратеникот на СДСМ Миле Талевски истакна дека ќе има редовни претседателски и редовни парламентарни избори
  • Изборите ќе бидат во редовен термин и одвоени, роковите се одредени со Уставот и законите и тоа претседателските избори мора да се одржат 60 дена до завршување на мандатот на актулениот претстедател, а парламентарните 90 дена од завршување на мандатот на актуелниот состав на парламентот, рече Талевски, додавајќи дека работните групи во Собрание се формирани и СДСМ стои на располагање за дискусија, во рамките на изнесениот конзистентен став.

Талевски истакна дека ДПМНЕ три години повторува дека само што немало вонредни избори, со цел да го лаже своето членство и да ја замајува јавноста.

  • Од ДПМНЕ добро знаат каков е коалицскиот потенцијал на СДСМ и се покажува дека е фаворит на избори. Прво на претседателските избори ќе победи кандидатот на СДСМ, а потоа по парламентарните СДСМ ќе ја предложи новата Влада, порача Талевски.

Тој додаде дека ДПМНЕ се плаши од избори, бидејќи народот го препознава нивното лошо владеење на локално ниво.

  • Факт е дека ДПМНЕ има најкатстрофално практицирање на власта од плурализмот во државата во 70 општини, каде градоначалниците не реазлизирале ниту еден проект, туку прва одлука им е да удрат по џебот на граѓаните, нагласи Талевски.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на демократијата во државата

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на демократијата во државата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во синоќешното интервју во „Тема на денот“ …