Талевски: Исплатена бонус плата за прекувремени часови за 2020 година за над 4.400 вработени во МВР, градиме мотивирана полиција, партнер на граѓаните

Талевски: Исплатена бонус плата за прекувремени часови за 2020 година за над 4.400 вработени во МВР, градиме мотивирана полиција, партнер на граѓаните

Прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

СДСМ останува силно посветена за унапредување на социјалниот статус и условите за работа на полициските службеници.

На 4.471 вработен во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2020 година, исплатена им е бонус платата во поединечен нето износ од 27.182 денари.

За оваа намена од буџетот на МВР издвоени се над два милиони евра.

Раководството на Министерството редовно ги исплаќа бонус платите за прекувремена работа, заврши времето кога овие надоместоци се исплаќаа ненавремено, со доцнење.

Денес полицајците се почитувани, нивниот труд е вреднуван и тие се помотивирани во вршењето на своите работни задачи.

Денес, полицијата е вистински партнер и заштитник на граѓаните.

Како одговорна партија продолжуваме да инвестираме во подобри услови за работа на полицијата, затоа што само задоволна, мотивирана полиција може да биде ефикасен сервис на граѓаните и чувар на законите.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Ни треба силна СДСМ во Парламентот, да не дозволиме враќање на режимското минато

Ковачевски: Ни треба силна СДСМ во Парламентот, да не дозволиме враќање на режимското минато

„Само силна СДСМ во Парламентот може да спречи враќање на темното режимско минато кога ВМРО …