(Видео) Талевски: Исполнето уште едно ветување, го градиме водоводот за манастирот Трескавец

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник во Собраниет0 на РСМ

Почитувани,

Изградбата на водоводот до едно од најубавите и најстари духовни светилишта во регионот, манастирскиот комплекс Трескавец, ја потврдува нашата грижа за македонското културно наследство. Уште еднаш докажуваме дека дадениот збор пред граѓаните на Прилеп и пред верниците, за нас е света работа.

Докажуваме дека своите ветувања СДСМ ги претвора во реалност. За изградбата на 330 метри водоводна линија до манастирот Трескавец, Владата предводена од СДСМ, преку ТАВ програмата издвои 100 илјади евра.

Новиот водовод е еден од условите за пуштање во употреба на новоизградените конаци во манастирот. Градежните работи се одвиваат со интезивно темпо и треба да завршат за 4 месеци.

Почитувани сограѓани,

Она што треба гласно да се каже и јавноста да го знае, е дека заради неспособноста на градоначалникот Борче Јовчески, реализацијата на овој исклучително важен проект за културно-историското наследство доцнеше безмалку две години.

Заради неговата некадарност, подеднакво толку време закасни и стартот на вториот проект за кој Владата на СДСМ обезбеди финансиски средства, реконструкцијата на улицата „Леце Котески“.

На скоро половина од градоначалничкиот мандат, Јовчески нема реализирано ниту еден свој проект. Неговото најголемо достигнување е да се слика пред реализираните и започнатите проекти од претходниот граодначалник и Владата на СДСМ, присвојувајќи ги како свои. Затоа, наместо со своето неработење да го кочи развојот на општината, најдоброто кое за Прилеп и прилепчани може да го направи Јовчески, е да си поднесе неотповиклива оставка.

Прочитајте повеќе

Кузеска: Пендаровски ќе понуди напредок на државата, Давкова само блокади и уназадување

„Ако Стево Пендаровски изминативе години беше претседател на државата, Силјановска е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во …