Талевски: Како со плата на еден професор се стекнуваат вакви имоти освен со криминал и корупција?

Талевски: Како со плата на еден професор се стекнуваат вакви имоти освен со криминал и корупција?

Реплика на пратеникот на СДСМ, Миле Талевски од собраниската говорница:

„Почитуван колега Трајанов, со оглед на тоа што и вие сте универзитетски професор, должни сте на македонската јавност да и’ дадете одговор како со плата на универзитетски професор се стекнуваат толкави имоти, како хациенди од еден милион евра“, реплицираше пратеникот на СДСМ, Миле Талевски на денешната собраниска седница.

„Очигледно дека тоа се постигнува со криминал и корупција. Дали заради тоа се скаравте со вашата градоначалничка Данела Арсовска, заради криминал и корупција, да го билдате и зголемувате имотот на вашиот лидер, од Скопје преку Охрид до Црна Гора?“, праша Талевски додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ сака да дојде на власт само за одредени личности да продолжат да крадат и да го зголемуваат својот имот.

Талевски ги праша пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за нивниот став по обидите на Никола Груевски и Христијан Мицкоски, да го рехабилитираат ликот и делото на Ванчо Михајлов.

„Дали вие од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе се оградите од она што го прават Груевски и Мицкоски за да рехабилитираат крвникот на македонскиот народ Ванчо Михајлов? Должни сте да одговорите“, порача Талевски.

Прочитајте повеќе

Венко Филипче

Филипче: Овозможивме слободни и независни медиуми и сме први во регионот

Позитивните политики и пристап на СДСМ кон медиумите, се потврдија со тоа што Северна Македонија …