Талевски: Нови 110 километри автопатишта, историска инвестиција од 1.3 милијарди евра

Талевски: Нови 110 километри автопатишта, историска инвестиција од 1.3 милијарди евра

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани,

Со вчерашното потпишување на Договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“, започнува реализација на историска инвестиција во патната инфраструктура.

Вкупната вредност на овој проект со кој ќе се изградат 110 километри автопатски делници на Коридорот 8 и Коридорот 10 д изнесува 1,3 милијарди евра, со рок на реализација од пет години.

Со оваа историска инвестиција ќе се градат патните правци Тетово- Гостивар во должина од над 17 километри, Гостивар – Букојчани во должина од 30,3 километри, делницата Требениште – Струга – Ќафасан која е близу 22 километри и патниот правец односно автопатот Прилеп – Битола е во должина од речиси 40 километри.

Со изградбата на овие четири нови, модерни автопати, ја унапредуваме патната инфраструктура и овозможуваме поврзување со нашите соседи, а преку тоа и поврзување со важните трговски пристаништа од регионот.

За цели 32 години во нашата држава се изградени 186 километри автопати, а со овој договор, за само пет години, градиме 110 километри, модерни, европски, автопати.

Во меѓувреме, се градат и рехабилитираат експресни, магистрални и регионални делници низ целата држава, а во тек е и изградбата и реконструкцијата на дополнителни автопати во должина од 59 километри.

Реализацијата на автопатот Скопје –Блаце, кој чини 12,18 милиони евра исто така е во тек, а се забрза и процесот на железничкото поврзување и доизградба на Коридорот 8.

Сето тоа е показател за посветеноста на Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ на унапредување на патната инфраструктура за подобро поврзување на градовите во државата, но и на државата со соседите.

Тоа носи придобивки за граѓаните, за стопанството и останува како трајно добро во државата.

Продолжуваме со реализација на инвестиции кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.

Прочитајте повеќе

обвинителство

OJO покрена истрага против две лица за противзаконито влијание

Основното јавно обвинителство (ОЈО) отвори истражна постапка против активен врховен судија и уште едно лице …