Талевски: СДСМ поддржува една изборна единица, за Изборниот законик потребен е консензус

Талевски: СДСМ поддржува една изборна единица, за Изборниот законик потребен е консензус

Одговор на пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, на новинарско прашање за измена на Изборниот законик

СДСМ ги поддржува измените на Изборниот законик, со оглед на тоа дека ние од СДСМ бевме првата политичка партија којашто во својата програма уште во 2016 година внесе предлог за една изборна единица.

Ги поддржуваме законските измени којшто се во делот на препораките од ОБСЕ и ОДИХР.

Во делот на прагот, во делот на отворените листи и со оглед на тоа дека Изборниот законик секогаш се носел со консензус апелираме преку дебата, преку дијалог во работната група да се утврдат потребата од отворени листи, потребата од праг.

Битно е да се дискутира и зеднички како политички партии да го предложиме Изборниот законик и да го изгласаме тука во Собранието.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Мачно е да се гледа како Лефков ја брани расцветаната корупција на ДПМНЕ

СДСМ: Мачно е да се гледа како Лефков ја брани расцветаната корупција на ДПМНЕ

Соопштение за јавност на СДСМ Со жалење мораме да констатираме дека политичката матрица на ВМРО-ДПМНЕ …