Талевски: Во недела прилепските социјалдемократи ќе докажат дека цврсто стојат зад политиките на актуелниот и иден претседател, Зоран Заев

Талевски: Во недела прилепските социјалдемократи ќе докажат дека цврсто стојат зад политиките на актуелниот и иден претседател, Зоран Заев

Пишува: Зоран Милошески

Над 80.000 членови на СДСМ кои го ажурираа своето членство во најголемата владејачка партија, во недела на 21 март, ќе имаат можност да бидат учесници на првите непосредни внатрепартиски избори.

Зоран Заев, актуелниот претседател на СДСМ, е единствен кандидат за нов претседателски мандат. Меѓутоа, тоа никако не значи дека изборот ќе биде од формален карактер, бидејќи од исклучителна важност е што поголем број членови на владејачката партија да излезат на гласачките места и да го дадат свој глас за старо-новиот претседател.

Со последната реевиденција, Општинската организација на СДСМ Прилеп брои 4.600 членови, од кои 4.200 се изјасниле дека сакаат да бидат дел од изборите, први од ваков вид кои било која партија во нашата земја досега ги организирала.

Претседателот на прилепските социјалдемократи, Миле Талевски, вели дека непосредниот избор на претседател на партијата претставува врв на демократијата и најдобра потврда на Новата политика на СДСМ, како што впрочем е насловена и програмата на Заев.

„Изборите за претседател на СДСМ кои ќе се одржат во недела, слободно може да се наречат историски, од причина што ова е прв пат целото членство на некоја партија да има можност на директен начин да го бира својот лидер. Зоран Заев е најзаслужниот што срушивме режим со пенкало, тоа е човекот кој ја донесе слободата и демократијата, кој нашата земја ја внесе во НАТО и ја донесе на прагот на ЕУ. Од тие причини, очекувам дека како носител на промените и на новата политика во СДСМ, во недела Заев ќе добие масовна поддршка за нов претседателски мандат. Нашата општинска организација е целосно подготвена да ги спроведе изборите и со високиот процент на излезност на членовите, да покаже дека цврсто и недвосмислено стои зад политиките на актуелниот и идниот претседател“, истакнува Талевски.

Што се однесува до состојбата со пандемијата на ковид-19 и нејзиното влијание врз процентот на излезност, Талевски нагласува дека при гласањето максимално ќе бидат запазени препораките на Комисијата за заразни болести за заштита од ковид-19: носење заштитни маски, одржување на дистанца, употреба на средства за дезинфекција, како и сите останати мерки кои се во функција на заштита на здравјето на учесниците во изборниот процес.

Во недела на 21 март, во општина Прилеп гласањето за избор на претседател на СДСМ ќе биде спроведено во 14 избирачки места и ќе трае од 08:00 до 19:00 часот.

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …