Талевски: Засилените и неселективни контроли на МВР даваат резултат, бројот на сообраќајни незгоди намален за над 20 отсто

Талевски: Засилените и неселективни контроли на МВР даваат резултат, бројот на сообраќајни незгоди намален за над 20 отсто

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ

Почитувани,

СДСМ преку инситуциите што ги предводи е посветена на бескомпромисна борба против криминалот, но и превенција и санкционирање на прекршувањата на законите.

Посветеноста на Министерството за внатрешни работи за зголемување на безбедноста во сообраќајот дава одлични резултати.

Статистичките податоци за 2020 година, споредени со оние од 2019, покажуваат силен пад на бројот на сообраќајни незгоди.

Во ноември 2020 споредено со ноември 2019, има намалување за 21 отсто на сообрајаќни несреќи. За 75 отсто е намален бројот на загинати пешаци. Сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за 47 отсто, додека за 26 отсто е намален бројот на лица загинати во сообраќајни незгоди.

Овој пад на црната статистика, се должи на континуираните контроли и неселективното казнување што го прави полицијата на Северна Македонија.

Како одговорна партија продолжуваме да градиме силни, ефикасни и професионални иснитуции кои ги спроведуваат законите насекаде и неселективно.

Остануваме посветени на обезбедување ред, правда и дисциплина на секое ниво.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод …